МАЛДИВИ 2026, МАЛДИВИ

Актуелно патување

МАЛДИВИ 2026
МАЛДИВИ 2026 МАЛДИВИ 2026
МАЛДИВИ 2026 МАЛДИВИ 2026

ЛЕТО-МАЛДИВИ

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Замислете едно место каде белиот песок се спојува со тиркизниот океан, каде времето тече побавно, а секој здив носи свеж океански мирис. На островот Гулхи, далеку од гужвите на главниот град, ќе уживате во спокојни плажи, кристално чисти води и нежниот ритам на локалниот живот. Овој остров е идеален за романтични прошетки по залез, нуркање меѓу живописни корални гребени и мирен одмор под сенките на кокосовите палми – вистинска мала рајска оаза во срцето на Малдивите.

 

Во цената е вклучено:

  • Авионски Карти: Скопје – Истабул – Мале
  • Авионски Карти: Мале – Истанбул – Скопје
  • Вклучен чекиран багаж од 23кг по лице + 8кг рачен багаж по лице
  • Трансфер со speedboat од Аеродром до Хотел
  • Трансфер со speedboat од Хотел до Аеродром
  • 6 ноќевања во Хотел со вклучен појадок
  • Претставник на дестинација
  • Водич на македонски јазик
  • 4 БЕСПЛАТНИ ИЗЛЕТИ

 

Во цената не е вклучено:

  • Факултативни Излети
  • Патничко Осигурување
  • Храна (ручек и вечера)
  • Доплата за еднокреветна соба ( 200 евра )
  • Зелена Такса 6$ по лице по ноќ

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ - СЕ ШТО ТРЕБА ДА ВИДИШ НА МАЛДИВИ

Цена: 329 евра

Овој пакет на факултативни излети е буквално се што ти треба да видиш и вкусиш на Малдиви!

Во овој пакет се вклучени:

  • Island Hopping – Посета на неколку острови, Нуркање во Coral Garden
  • Пливање со Ајкули, Делфини, Желки, Ражи, посета на песочен насип.
  • Посета на Ресорт  – ALL INCLUSIVE – НЕОГРАНИЧЕН АЛКОХОЛ

 

Важнa напоменa

  • Сума за резервација на место е 300 евра / по лице, остатокот можете да го доплатите како вас ви одговара, најдоцна 15 дена пред поаѓање.
  • Доколку сте соло патник имате опција да бидете сместени во еднокреветна соба со доплата. Доколку не сакате да доплатите, тогаш има опција да делите соба со друг соло патник. За повеќе информации исконтактирајте не.

 

План за патувањето

Ден 1 Скопје-Истанбул-Мале

По краток состанок на патниците на аеродромот во Скопје, поаѓаме кон Истанбул. Потоа по кратко преседнување летаме од Истанбул до Мале, главниот град на Малдивите! Летаме со Turkish Airlines.

 

Ден 2 Пристигнување на Малдиви + Бесплатен Излет 

Пристигнуваме на Малдиви околу 14:35ч. Со организиран трансфер се упатуваме кон нашиот хотел на островот Гулхи и се сместуваме. Денешниот ден е за релаксација, плажирање и впивање на островската енергија!

 

БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: ПРОШЕТКА НИЗ ОСТРОВОТ ГУЛХИ

 

Ден 3 Слободен ден + Бесплатен Излет

Слободен ден за одмор.

БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: НУРКАЊЕ СО МАСКИ НА ЛОКАЛНА ПЛАЖА НА ГУЛХИ

 

Ден 4 Island Hopping (Факултативен излет)

Малдиви се состојат од 1192 острови. Овој ден ќе ги посетиме магичните острови Maafushi, Guraidhoo и Fulidhoo. Цел ден ќе уживаме на бели песочни плажи кои буквално ќе ви го земат здивот. Ќе нуркаме во тиркизниот океан и ќе направиме мемории на кои ќе се сеќаваме цел живот!

 

Ден 5 Пливање со ајкули, делфини,ражи- Посета на песочен насип (Факултатитвен излет)

Каде ако не на Малдиви? Лебдиме во океанот полн со ајкули, ражи, желки и делфини – вистинско уникатно доживување!! Ова необично искуство е MUST TRY за на Малдиви. Плус ќе имате многу кул фотка со дрон и ви ветуваме дека ќе си поминете најинтересно! Посетуваме песочен насип на кој ќе плажираме и ќе си правиме најдобри фотки.

ВКЛУЧЕН РУЧЕК ВО ЦЕНАТА!

 

Ден 6 Посета на Ресорт (Факултативен излет)

Денеска тргнуваме кон рајот на Малдивите. Ќе пливаме во тиркизниот океан, ќе уживаме во сонцето и ќе се сликамe со најубавите куќички над водата. Магичен ден полн со смеење, водени авантури и незаборавни моменти.

ALL INCLUSIVE – ВКЛУЧЕН НЕОГРАНИЧЕН АЛКОХОЛ

 

Ден 7 Слободен ден+ бесплатен излет 

Слободен ден за одмор, плажирање, пливање и впивање на убавините на Малдиви. Овој ден е предвиден за уживање на белите песочни плажи, пиење на кокос под палми и нуркање во тиркизниот Индиски Океан. На зајдисонце се собираме на плажа за пикник, организиран од наша страна. Свириме на гитара, вкусуваме локална храна и се освежуваме со традиционални пијалоци, додека ги впиваме магичните бои и мириси на Малдивите во нашиот последен ден.

БЕСПЛАТЕН ИЗЛЕТ: ХРАНЕЊЕ НА АЈКУЛИ НА GULHI

 

Ден 8 Check Оut од Хотел и одмарање на плажа 

Се одјавуваме од Хотел и денот го поминуваме на плажа. Поаѓаме од Малдиви кон Скопје во 22:10. Летаме Мале-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines.

 

Ден 9 Пристигнување во Скопје

Пристигнување во Скопје околу 08:00 наутро. Крај на патувањето!

 

Цена со рана уплата до April 15, 2026

1149 ЕУР / Лице

Целосна цена

1399 ЕУР / Лице

9 dena

July 5, 2026

July 13, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070