Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Цената вклучува:
-Превоз со високотуристички автобус
-Пратител за време на патувањето
-Едно ноќевање на Среврено езеро
-Водство и организација
-Посета на Тумане
Цената не вклучува:
-Посета на Голубачка тврдина (влезница за во тврдината)
-Патничко осигурување
-Индивидуални трошоци
Прв ден: 07.12.2024
Собирање на групата и тргнување во 23Ч за Србија. Царински формалности и попатни паузи.
Втор ден: 08.12.2024
Пристигнување во манастир Тумане. Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година. Слободно време за пристуство на света литургија и поклонение на моштите на Св. Зосим И Јаков. Присуство на заедничка молитва за здравје. Можност за посета на нивната испосница која се наоѓа на 2 км оддалечена од манастирот . Во договорено време се упатуваме кон Голубачка тврдина.
Можност за посета на Голубачка тврдина. ( факултативно) Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац, Србија. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335, 1337 и 1342 година. Точно не е познато кога била изградена, но се смета дека била изграена во времето на Србското кралство. Кулите во времето на османлиите биле сместени нивните топови каде го заштитувале градот, а во почетокот на 15 век, тие изградиле уште една кула. Тврдината е разделена на предна, задна и горна. (околу 1 час).
Се упатуваме кон Сребрено езеро - Сребрено езеро — вештачко езеро на десниот брег на Дунав и ја претставува неговата поранешна речна притока, која денес е затворена со двете брани. Се наоѓа во областа на Браничевскиот округ во источна Србија , на два километри од Велико градиште. Има просечна ширина од 300 m и просечна должина од 14 km. Слободно време за слободни активности. Можност да ја вкусите храната од локалните ресторани како и посета на шеталиштето. Сместување во приватн вили. Ноќевање.
Трет ден: 09.12.2024
Се одјавуваме од вилите и се упатуваме кон Белград. Посета на Св. Сава, посета на Кнез Михајлова, посета на црквата Св.Петка од каде што нејзините мошти се пренесени во Јаши, посета на Калемегдан. Слободно време за слободни активности . Во 16:000 се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните часови.
Цена со рана уплата до Nov. 25, 2024
69 ЕУР / Лице
Целосна цена
79 ЕУР / Лице
3 dena
Dec. 7, 2024
Dec. 9, 2024
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070