Милано / Лугано / Комо / Верона за денот на вљубените, ИТАЛИЈА

Актуелно патување

Милано / Лугано / Комо / Верона за денот на вљубените
Милано / Лугано / Комо / Верона за денот на вљубените Милано / Лугано / Комо / Верона за денот на вљубените
Милано / Лугано / Комо / Верона за денот на вљубените Милано / Лугано / Комо / Верона за денот на вљубените

ИТАЛИЈА ЗА ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 2 ноќевања во хотел 3* во околината на Милано со појадок,
  • Автобуски превоз на релација Скопје- Италија – Скопје
  • Разглед на Верона
  • Посета на Designer Outlet Noventa di Piave
  • Туристички придружник
  • Организација и релизација на аранжманот
  • Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река), Велес

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 4 евра по лице од ден
  • Разглед на Милано со професионален водич – 20евра
  • Посета на Лугано – Комо – 30 евра
  • Крстарење по езерото Комо – 25 евра
  • Патничко осигурување 350 денари по лице
  • Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
  • СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи – задолжително (Разглед Милано, Посета на Лугано-Комо и крстарење) – 70 евра по лице (со резервација во агенција) редовна цена 75 евра по лице.
    *
    Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата
  • УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • 30% при резервација, а остатокот од сумата најдоцна до седум дена пред предвидениот рок за тргнување
  • ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

План за патувањето

13.02 (четврток) СКОПЈЕ-МИЛАНО
Состанок на групата на паркингот кај хотел Континентал (во период околу 11:00-14:00ч). Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

14.02 (петок) МИЛАНО
Пристигнување во Милано. Разглед на Милано со водич: Sforcesco Cаstle, Piazza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедралаво светот- ДУОМО-катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи.
Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci,Prada,Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.

По разгледот од околу два часа, следува сместување во хотел. Ноќевање.

15.02 (сабота) МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано-градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија.
Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа.
Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Враќање во хотелот во попладневните часови. Ноќевање.

16.02 (недела) МИЛАНО-ВЕРОНА-СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија. По посетата на Верона, која трае околу три часа, групата се упатува према познатиот Designer Outlet Noventa di Piave (околу два часа), каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во попладневните часови на 17.02 (понеделник)

Цена со рана уплата до Jan. 20, 2025

169 ЕУР / Лице

Целосна цена

189 ЕУР / Лице

4 dena

Feb. 13, 2025

Feb. 16, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070