Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
I Термин: 08.05.2026-11.05.2026
II Термин: 29.05.2026-01.06.2025
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
ФАКУЛТАТИВИ
ЗАБЕЛЕШКА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
Факултативните екскурзии не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената главно се состои од трошоците за резервација, превоз, водичи, билети, организација... Датумите на факултативните екскурзии се променливи и зависат од достапноста на датумите на локациите, бројот на пријавени патници и објективните околности.
За реализација на екскурзиите потребно е минимум од 14 пријавени !
Општи напомени:
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Амор Травел
Неапол - Од неговиот шармантен брег под сенката на Везув, до неговиот прекрасен и жив историски центар: Неапол е прекрасен граg. Неговата позиција како место за средби на различни народи уште од античко време имала длабоко влијание врз Неапол, правејќи го културен центар. Ова е очигледно кога се шетате по неговите улици, полни со уметнички и архитектонски богатства. Тоа е град со единствена магија, кој цвета со природни атракции. Од неверојатна храна до секаков вид забава ... никогаш нема да ви биде здодевно.
1 ДЕН Скопје - Неапол
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:30 часот. Полетување кон Неапол во 16:30 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 18:10 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно време за одмор а во вечерните часови првиот разглед на Неапол со придружникот од агенцијата. Ноќевање.
2 ДЕН Неапол – Соренто - Помпеја
Појадокот. По појадокот можност за посета на Соренто и Помпеја. Хајприн се упатуваме кон античката Помпеја кој поради ерупција на Везув и затрупување со лава е сочуван до ден денес. Овде како времето да застанало во тој кобен момент. По обиколката на Помпеја се упатуваме кон Соренто – бисер на Неаполскиот залив.Сместен на висока карпа со поглед на морето, во центарот на својот полуостров, Соренто го прегрнува Неаполскиот Залив и Везув.Наоколу, зелените градини на вилите и цитрусните насади; во центарот улички и плоштади полни со историски згради. Во договорено време враќање назад во хотел.Ноќевање.
3 ДЕН Неапол – Позитано - Амалфи
Појадок во хотел. По појадокот можност за посета на брегот Амалфи - вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО како совршен пример за медитерански пејзаж со пејзаж од голема културна и природна вредност, составена не само од меѓународно познати локации како што се Амалфи и Позитано, туку и од мали села со античка атмосфера.Ќе уживаме во прекрасните пејзажи, високи карпи, волшебните заливи, терасите испреплетени со цитрусни овошја, лози и маслинови дрвја,продавници за висока мода и занаетчиски работилници ... Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН Неапол - Скопје
Појадок во хотел и одјавување.Последниот ден е наменет за Неапол.Да го разгледаме стариот дел, историските знаменитости, да јадеме од познатата неаполска пица , да се напиеме кафе а за десерт џелато.Во договорено време организиран трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 18:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 20:15 часот.
Цена со рана уплата до April 15, 2026
409 ЕУР / Лице
Целосна цена
459 ЕУР / Лице
4 dena
May 8, 2026
May 11, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070