НОВА ГОДИНА ВО БУДВА, ЦРНА ГОРА

Актуелно патување

НОВА ГОДИНА  ВО БУДВА
НОВА ГОДИНА  ВО БУДВА НОВА ГОДИНА  ВО БУДВА
НОВА ГОДИНА  ВО БУДВА НОВА ГОДИНА  ВО БУДВА

БУДВА-ДУБРОВНИК-ТИВАТ-КОТОР

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • 3 ноќевања во Хотел 3* со појадок во центар на Будва
  • Автобуски превоз до наведената релација
  • Посета на Бар
  • Туристички придружник во текот на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативна посета на Дубровник – 30 евра
  • Факултативна посета на Котор и Тиват – 15 евра
  • Задоителна доплата 2€ од ден по лице ( се плаќа во автобус )
  • Патничко – здравствено осигурување

План за патувањето

Ден 1 – 28.12.2024 (Сабота)

Состанок на групата  во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2 – 29.12.2024 (Недела)

Пристигнување во Будва. Сместување во Хотел 3* во центарот на Будва. Слободно попладне за разглед и прошетка на Будва. Ноќевање.

Ден 3 – 30.12.2024 (Понеделник) БУДВА – ДУБРОВНИК

Појадок.Ден предвиден за факултативна посета на Дубровник. Разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време прошетка низ Будва. Враќање во Будва. Ноќевање.

Ден 4 – 31.12.2024 (Вторник) БУДВА-ТИВАТ- КОТОР

           Појадок. Во утринските часови поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Будва. Индивидуален дочек на Нова Година , на плоштад со богата музичка програма или во некој од локалните кафачи и барови. Ноќевање.

Ден 5 – 01.01.2025 ( Среда ) БУДВА – БАР – МАКЕДОНИЈА

            Појадок.Напуштање на собите, во договорено време поаѓање за Македонија со попатна посета на БАР. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

НАПОМЕНА:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

–          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта

–           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

Цена со рана уплата до Nov. 20, 2024

149 ЕУР / Лице

Целосна цена

169 ЕУР / Лице

4 dena

Dec. 28, 2024

Jan. 1, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070