Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје
– Аеродромски такси
– Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
– Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во Хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок.
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Дополнителен багаж: кабинска торба 10кг (55 x 40 x 23 cm) , чекиран куфер до 10кг или чекиран куфер 20кг – цените на куферите ќе ги добите во агенција.
– Туристичка такса 1200 мкд – се плаќа во агенција
– Карти за јавен превоз (метро)
– Патничко-здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба 10.980 мкд
Цена на факултативи:
-Версај – вклучено резервација, влезница, слушалки, трансфер
За возрасни 80 евра . За деца до 18 години 65 евра.
-Лувр – вклучено резервација, влезница, слушалки,
За возрасни 65 евра. За деца и младинци до 18 години 45 евра.
-Ajфелова- 22е (за младенци до 24 год - 11,20е), (за деца до 11год-5.70е), (деца до 4год гратис).
-Крстарење по Сена - 30е (деца до 12 год- 20е)
-Разглед на Париз 30евра.
Прв ден 05.03.2026 (четврток) Ajфелова кула, Панорамски разглед на Париз
Состанок на групата на аеродромод во Скопје во 04:00 часот.Полетување за Париз во 06:00 и пристигнување во Париз во 09:05 часот.Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембур. Mожност за посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Сместување во хотел. Во вечерните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро). Ноќевање.
Втор ден 06.03.2026 (петок) Лувр и Крстарење по Сена
Појадок.Посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите…
Во вечерните часови, препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Mожност за посета на Катедралата Нотр Дам во најстариот дел од Париз. Продолжуваме до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Враќање во хотел. Ноќевање.
Трет ден 07.03.2026 (сабота) ПАРИЗ – ВЕРСАЈ
Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило….Можност за прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Слободна вечер. Ноќевање.
Четврт ден 08.03.2026 (недела) ПАРИЗ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 09:55 часот. Пристигнување во 12:40 часот.
Цена со рана уплата до Dec. 15, 2025
399 ЕУР / Лице
Целосна цена
469 ЕУР / Лице
4 dena
March 5, 2026
March 8, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070