Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Пелопонез е еден од најубавите региони во Грција, совршен за патување кое комбинира море, историја и природа. Кристално чистите плажи, мирните заливи и традиционалните градчиња како Нафплио и Монемвасија создаваат вистинска медитеранска атмосфера. Тука се наоѓаат и познати антички локалитети како Олимпија и Епидаурус, што го прави Пелопонез идеален избор и за релаксација и за културно истражување.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз на дадената релација
- Сместување во хотел на база ноќевање со доручек
- Посета на Монемвазија, Мистра и Спарта
- Посета на црквата Св. Теодора Аркадиска
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса 6 евра ( се плаќа на рецепција )
- Посета на островор Еладонисос - 25 евра по патник
- Се онаа што не е наведено во програмата
04.09.2026 - 1ден Состанок на групата околу 20.30 часот и заминување за Пелопонез, со попатни паузи и царински формалности.
05.09.2026 - 2 ден Пристигнување на Пелопонез во раните утрински часови и посета на манастирот Св.Теодора Аркадиска . Оваа црквичка се наоѓа во Гинисовата книга на светски рекорди како некое светско чудо. Некој геолог уште во 1987 година рекол : Не постои геолошко објаснување. Тоа е едно Божјо чудо. Црквичката датира од 12 век. На нејзиниот покрив растат 17 огромни дрвја, кои ја претставуваат нејзината коса.
Повеќето од нив високи и преку 30м , а пречник на некои од нив изнесувал повеќе од 1м. Покривот на оваа мала црквичка е тенок без некоја потпора, сепак со векови стои како некое чудо да го држи. Под црквата извираат неколку извори со чиста вода. Многу истаржувачи, научници и стручни лица останувале неми и без можност за објаснување за оваа појава, бидејќи корените не ги разориле ѕидовите на црквичката, што досега требало да се случи одамана. Немало ниту една пукнатина на ѕидовите и ниту едно најмало коренче не излегувало од ѕидовите.
Патувањето продолжува кон Каламата. Каламата е вториот по големина град на полуостровот Пелопонец во јужна Грција и главен град на регионот Месинија. Грaдот е светски познат по своето производство на висококвалитетни маслинки и маслиново масло, но исто така е и важен административен, економски и културен центар. Сместување во хотел . Слободно време. Ноќевање.
06.09.2026 - 3 ден Доручек . По доручекот организирана целодневна посета на Средновековниот град Мистра и полуостровот Монемвазија. Мистра е утврден средновековен град и место на светското наследство на УНЕСКО во регионот Пелопонез во Грција. Сместен на стрмен рид со поглед на модерниот град Спарта, тој бил интелектуална и културна престолнина на Византиската империја во текот на 14-тиот и 15-тиот век. Палатата на деспотите: Големиот станбен комплекс на византиските владетели, кој претрпел значителна реставрација. Цркви и манастири: Познат по исклучително добро сочуваните фрески, вклучувајќи го и Свети Димитриј (Митропола) каде што бил крунисан последниот византиски император и манастирот Пантанаса. Потоа се уплатуваме кон Монемвазија. Монемвазија во Грција е едно од најромантичните места во земјата. Ова е средновековен замок - град, исклучиво врежан на падините на карпа. Ова фантастично место првично е изградено во средниот век и оттогаш е континуирано населено. Денес, повеќето од старите вили се претворени во пансиони и бутик хотели. Надвор од Карпата, има нов модерен град со многу туристички објекти. Овој град е изграден невидлив од копното за да се избегнат непријателски напади. Може да се види само од морето и само тесна патека го поврзува со копното. Така потекнува неговото име, што значи еден премин. Враќање во Каламата во попладневните часови . Ноќевање.
07.09.2026 - 4 ден Доручек . По доручекот факултативно крстарење до островот Елафонисос, мал остров јужно од Пелопонез, во Грција е место за целосна релаксација. Најпознат е по своите карипски плажи со златен песок и егзотични води. Нудизмот дискретно се практикува на некои плажи на островот Елафонисос, особено на плажата Микрос Симос. Симос и Панагија се главните и најфантастичните плажи на островот. Најважниот дел од островот Елафонисос се егзотичните плажи со златен песок и чиста вода. Враќање во Каламата во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање.
08.09.2026 - 5 ден Доручек. По доручекот одјавување од хотелот. Слободно време во Каламата до 12.00 часот и заминување за Македонија со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македононија во вечерните часови .
Цена со рана уплата до July 20, 2026
345 ЕУР / Лице
Целосна цена
425 ЕУР / Лице
5 dena
Sept. 4, 2026
Sept. 8, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070