Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Аранжманот вклучува:
• Превоз со туристички автобус и придружник за време на патувањето
• Превоз со траект и пристанишна такса
• Едно ноќевање во хотел во Патра во двокреветни и трокреветни соби
• Организација и водство на патувањето
Во цената не е вклучено:
• Патничко осигурување
• Локален туристички водич: 10 €
- Туристичка такса за престој 4 €
• Останати лични трошоц
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.
1 ДЕН (13/08) – Состанок на групата во вечерните часови и поаѓање за Грција. Ноќно возење со кратки попатни паузи за царински формалности и освежување.
2 ДЕН (14/08)– Пристигнување ПЕЛОПОНЕЗ во Патра во утринските часови. Посета и присуство на литургија во катедралната црква посветена на Свети Андреј првоповикан, која е една од најголемите цркви во Грција и има најголема купола на Балканот. Во црквата се наоѓаат моштите на Светиот апостол Андреј, заштитникот на Патра и крстот на кој бил распнат светителот. Поклонение и целивање на моштите и на крстот. Во близина на црквата се наоѓа изворот на Свети Андреј од кој се излева света вода. Од таму продолжуваме кон црквата посветена на Света Варвара, изградена во византиски стил, богата со вредни икони и прекрасен фрескопис. Ноќевање.
3 ДЕН (15/08)– Во раните утрински часови напуштање на хотелот и заминување кон пристаништето Килини, од каде со траект заминуваме кон Кефалонија. Кефалонија е прекрасен зелен остров, кој изобилува со природни убавини, лековити билки и свети цркви. Домаќин на островот е Пресвета Богородица - Панагија Фидуса, односно нејзината чудотворна икона во манастирот посветен на Успение на Пресвета Богородица во селото Маркопуло. На оваа икона на Пресветата Богородица, се поклонува сето Божјо создание, целата природа, па дури и таканаречените Богородични змии. Овие змии со кожа која наликува на кадифе, имаат крст на главата и крст на јазикот, се јавуваат во периодот од Преображение Господово до празникот Успение на Пресвета Богородица. Потоа продолжуваме кон манастирот посветен на Свети Герасим Кефалониски со посета на манастирскиот комплекс. Поклонение на светите и чудотворни мошти на Светиот Герасим Кефалониски, светител кој живеел во 16 век. Како и Свети Спиридон, неговите свети мошти се изнесуваат на литија во поворки на два големи празници, и се носат низ улиците на градот. Краток одмор, по кој присуствуваме на сеноќното бдение во манастирот. По бдението, одмор на отворено во манастирскиот комплекс.
4 ДЕН (16/08) – Во раните утрински часови го напуштаме манастирот и се упатуваме кон пристаништето. Заминување со траект во Килини, а од таму преку Патра, продолжуваме кон Битола . Пристигнување во Битола во доцните вечерни часови.
Цена со рана уплата до July 17, 2026
139 ЕУР / Лице
Целосна цена
179 ЕУР / Лице
4 dena
Aug. 13, 2026
Aug. 16, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070