ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ - ОСТРОВ КРФ, Грција

Актуелно патување

ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ - ОСТРОВ КРФ
ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ - ОСТРОВ КРФ ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ - ОСТРОВ КРФ
ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ - ОСТРОВ КРФ ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ - ОСТРОВ КРФ

ОСТРОВ КРФ 14-16.02.2025

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Едно ноќевање во приватни вили на Ипсос, Крф
  • Автобуски превоз
  • Повратен билет за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица
  • Разглед и прошетка на градот Крф, поклонение на моштите на Св:Спиридон и Палеокастрица
  • Туристички придружник/водич за време на престојот и патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Туристичка такса 2 евра од ден по соба
  • Задолжително патничко осигурување – 200 денари по лице
  • Индивидуални трошоци

План за патувањето

ПРОГРАМА:

14.02.2025 (петок)

ПРВ ДЕН: Состанок на групата Кочани суд во вечерите часови. Ноќно возење преку граничниот Меџитлија – Битола, со попатни паузи на секои 3-4 часа.

 

15.02.2025 (сабота)

ВТОР ДЕН: Пристигнување на пристаништето во Игуменица од каде патот го продолжуваме со траект до островот Крф. Предвидено пристигнување на пристаништето на Крф во утринските часови. Следувa возење до местото Ипсос, каде групата ќе биде сместена во сместувачките капацитети. Следува одмор и можност за запознавање со околината.

По краток одмор се упатуваме кон градот Крф. Попатно ќе имате прилика да слушнете се за островот, градот, традициите, историјата, а потоа и панорамски разглед на стариот дел од градот, новата тврдина, старата тврдина, пристаништето. Следува кратка прошетка низ стариот дел од градот, покрај црквата на најзначајниот светец на островот, Свети Спиридон каде се наоѓаат и неговите мошти (поклонение). По завршување на вечерна служба се упатуваме кон црквата на царица Теодора. Покрај св. Спиридон, на островот Крф се чуваат и нетлените мошти на св. царица Теодора, жената на иконоборниот цар Теофил. Како што знаеме од црковната историја, токму оваа царица го свикала соборот на кој била осудена иконоборечката ерес, и се востановило празнувањето на Неделата на православието во првата недела од Постот.

Нејзините мошти се наоѓаат во црквата посветена на Пресвета Богородица – Спилиотиса и св. Власиј. Секоја година, во Неделата на православието низ улиците на Керкира се одржува литија со моштите на светата царица, по што се чита Синодиконот на Православието. Потоа слободно време за прошетка и запознавање со градот. Во договорено време, следува враќање во сместувачките капацитети, ноќевање.

 

16.11.2025(недела)

Се одјавуваме од вилата во која сме сместени. Групата ќе има можност, да го посети местото кое е најголемата атракција на осторовот, местото Палеокастрица. Оваа посета не би била комплетна доколку попатно не се застане во фабриката „Мавроматис“, за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од овошјето и исто така да си купат дел од истите. Потоа се упатуваме кон Палеокастрица, местото кое се смета за вистински рај на земјата. Неговите плажи со години го добиваат епитетот „најубави“ во Европа, поради неверојатно тиркизната боја на морето, која се должи на тоа што пределот е доста карпест, а тоа носи и доста поладна вода за разлика од другите плажи на островот. Ќе имате прилика да уживате токму во тие убавини. На благ видиковец над Палеокастрица се наоѓа и манастирот од 13-век, Света Богодорица, во кој моментално се подвизува осумчлено монашко братство, под раководство на Неговото Преосвештенство, Епископот Ефтимиј. Манастирска слава на овој манастир е празникот на Богородица – Животоносен источник. Слободно време за слободни активности. Во договорено време тргаме кон Македонија. Пристигнување во доцните часови.

 

Цена со рана уплата до Dec. 27, 2024

89 ЕУР / Лице

Целосна цена

109 ЕУР / Лице

2 dena

Feb. 14, 2025

Feb. 16, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070