Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-Повратен авионски билет Скопје – Франкфурт -Лисабон;Лисабон-Франкфурт- Скопје
-Аеродромски такси
-6 дена/5 ноќевања на база ноќевање со доручек во хотел со 2 или 3 ѕвезди по локална категоризација
-Сите трансфери и посети според програмата
-Стручен водич и организација на патувањето
-Рачен багаж 10кг
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Целодневна факултативна екскурзија до Christo Rei и посета на винарија – 70 евра
-Целодневна факултативна екскурзија Sintra и Cascais – 70 евра
-Целодневна факултативна екскурзија во Порто - 120 eвра
-Туристичка такса- 4е по соба
За резервација на патувањето потребна е уплата од 300 евра, а останатиот дел од износот заедно со екскурзиите најкасно 4 недели пред патувањето. Доколку нема направена резервација, цената подлежи на промени поради постојана промена на цените на авионските карти.
***Можност за плаќање на рати.
Прв ден 16.04.2025 (Среда)
Состанок на групата на Скопскиот аеродром 05:00 часот. Тргнување за Лисабон во 06:45часот со стоп во Франкфурт .Пристигнување во Лисабон 15:30 часот. Трансфер и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности.Ноќевање.
Втор ден 17.04.2025 (Четврток)
Појадок. Разглед на Лисабон. Плоштадот Markus de Pombai, паркот Едвард VII најголемиот парк во Лисабон со поглед на море. Кулата Белем, најпосетеното туристичко место изградено 1516 година. Посета на Манастирот Јеронимос завршен со изградба во XVII. Манастирот е изграден според проектот на архитектот Diogo de Boitaca, на местото каде што Vasco de Gama се молел пред патувањето за Индија. Тука се наоѓа и неговото гробно место сместено во внатрешноста на црквата. Продолжуваме до најстариот дел на градот – Алфаму. Поминуваме покрај плоштадот Praca Do Comercio со преубаво украсена порта. Пред земјотресот кој го погодил Лисабон 1755 година бил уништен поголем дел од портата, а претходно бил седиште на кралското семејство. Разглед на поголем дел од туристичките атракции во Алфаму и слободно време за разглед и уживање во убавините на гланиот град на Португалија. Враќање во хотел. Ноќевање.
Трет ден 18.04.2025 (Петок)
Појадок. Факултативна екскурзија до Sintra и Cascais.Синтра е една од најурбанизираните и најгусто населените општини во Португалија. Главна туристичка дестинација позната по својата живописност, општината има неколку историски палати, замоци, живописни плажи, паркови и градини.Областа го вклучува природниот парк Синтра-Каскаис низ кој минуваат планините Синтра. Историскиот центар на Вила де Синтра е познат по својата романтистичка архитектура од 19 век , историски имоти и вили, градини и кралски палати и замоци, што резултираше со класификација на градот како светско наследство на УНЕСКО . Знаците на Синтра ги вклучуваат средновековниот замок на Маврите, романтичарската Пена и португалската ренесанса Националната палата Синтра. Синтра е една од најбогатите општини и во Португалија и на Пиренејскиот полуостров како целина. Тој е дом на една од најголемите странски иселенички заедници долж португалската ривиера, и постојано се рангира како една од најдобрите места за живеење во Португалија. Продолжуваме до Cascais Marina една од најпознатите туристички дестинации со луксузни хотели, ресорти, преубави плажи и казина на преубавата Португалска ривиера.Враќање во хотел.Ноќевање.
Четврти ден 19.04.2025 (Сабота)
Појадок. Факултативна екскурзија до Статуата на Исус ( Cristo Rei) во Алмада.Светилиштето на Христос Кралот е католички споменик и светилиште посветен на Светото срце на Исус Христос . Таа била инспирирана од статуата на Христос Спасителот во Рио де Жанеиро, откако кардиналот патријарх од Лисабон го посети тој споменик. Проектот беше инаугуриран на 17 мај 1959 година. Џиновската статуа беше подигната за да се изрази благодарност бидејќи Португалците беа поштедени од директните деструктивни ефекти на Втората светска војна . Со прекрасен поглед на на градот Лисабон и можност за прекрасни фотографии. Продолжуваме со посета на винарија и дегустација на португалски традиционални вина. Враќање во хотел. Ноќевање.
Петти ден 20.04.2025 (Недела)
Појадок. Факултативна посета на вториот по големина град во Португалија, Порто лоциран во северниот дел, град кој полека, но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готски стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос, Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година).Слободно попладне. Враќање во хотел. Ноќевање.
Шести ден 21.04.2025 (Понеделник)
Brekfast box.Напуштање на хотелот и трансфер до аеродром. Летот за Франкфурт е во 05:05 часот. Пристигнување во Скопје во 14:15 часот.
ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ:
Во случај на помал број од 15 пријавени патници, агенцијата го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот.
Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот (авионските билети), да ја промени и цената на аранжманот.
Краен рок за отказ на аранжманот од страна на агенцијата е 14 дена пред патувањето.
Плаќањето за екскурзиите и доплатите во врска со ова патување, патниците го вршат најкасно 3 недели пред тргнување.
Содржината на дневните тури и секојдневните разгледи се подложни на промени (условени од оправдани причини: застој во сообраќај, локални штрајкови, политички собири, немири, лоши временски услови).
Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби, поглед на море, базен или соба со балкон, агенцијата не може да гарантира.
Категоризацијата на хотелите е врз основ на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и партнерот. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.
Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот, а пратителот на групата само ги доделува клучевите од собите.
Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога има доплатата за истите.
Еден хотелски ден како и услугите во истиот започнуваат од 14 часот од денот на важноста на аранжманот до 12 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот.
Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14 часот / последниот ден по 12 часот се подложни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштање на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
Дополнителните/помошните кревети се на расклопување и најчесто се со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат дополнителен кревет и во истите децата го делат со родителите.
Ги молиме патниците ВНИМАТЕЛНО да ги прочитаат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ, кои се составен дел на оваа програма.
Цена со рана уплата до Jan. 15, 2025
649 ЕУР / Лице
Целосна цена
749 ЕУР / Лице
6 dena
April 16, 2025
April 21, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070