Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
На десната обала од Јужна Морава, на 20 км од Крушевац, во близина на Ѓунис, се наоѓа манастирот посветен на Свети Роман, со храм посветен на Благовештение на Пресвета Богородица. Првпат, овој манастир се спомнува во византиска хрисовула од 1020 година. Во него монахот Роман, ученик на Свети Климент Охридски, го поминал својот земен живот, исполнет со подвизи и чуда, за на крајот и самиот да се освети и да биде прогласен за светител после неговата смрт. Гробницата на Св. Роман со неговите свети мошти се наоѓа во јужниот дел на црквата. Многу бројни се примерите каде се услишени молитвите пред светите мошти.
Со ова се согласува и Свети Николај Велимировиќ, кој повеќе пати гопосетил светороманскиот манастир и напишал служба на овој Божји угодник, кого го нарекува Роман Моравски во која се вели: „Со неговите молитви слепите гледаат, глувите слушаат, сакатите проодуваат, обземените со лошите демони се прочистуваат…“
Во манастирот се наоѓа и гробното место на рускиот полковник Николај Рајевски, ,кој му послужил како инспирација на Лав Толстој за ликот на Вронски, во романот “Ана Каренина”.
Манастир Ѓунис со црквата Покровна Пресвета Богородица е женски манастир, кој се наоѓа во долината на Јужна Морава во истоименото село Ѓунис. Ова Свето место е откриено на чудесен начин 24 Јули 1898 година. На овој ден Пресвета Богородица се јавила на тринаесетгодишната МилојкаЈоциќ, фрлајќи стомна со вода на камен, благословувајќи го изворот од кој потекла вода и за кој прорекла дека ќе исцелува болни, го посочила местото каде треба да се изгради црква.
Каменот денес се наоѓа во малата црква, подигната во 1934 година по благослов на Светиот владика Николај.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-превоз на наведената релација со високотуристички авотбус;
-разглед на манастирите Св. Ѓунис и Роман;
-организација и водство на патувањето.
За овој аранжман може да се патува со важечка биометриска лична карта. Важноста на патната исправа е лична обврска, важноста на пасошот треба да биде најмалку 3 месеца пред истекот на валидноста на патната исправа.
8 јуни (недела)
Тргнување во 02.00 часот од Македонија. Попатни паузи за царински формалности. Во утринските часови се пристигнува во манастирот Ѓунис, а потоа се упатуваме и кон манатирот Роман, каде ќе се поклониме на неговите мошти. Во попладневните часови тргнуваме назад со попатна пауза за ручек во Лесковац.
По договор со групата тргнување во попладневните часови и пристигнување назад во Македонија во вечерните часови.
Цена со рана уплата до June 4, 2025
30 ЕУР / Лице
Целосна цена
35 ЕУР / Лице
1 dena
June 8, 2025
June 8, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070