Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Прага – град од бајките, историски и културен симбол на Европа. Овој магичен град со стотици кули, важи за град на боемите и мистичната атмосфера, звуците на виолончело и клавир, а крајбрежјето на моќната Влтава ги спојува прекрасните мостови. Кога на сето ова ќе се додаде волшебната божиќна атмосфера, добивате совршен рецепт за воодушевување.
Ви ја претставуваме SPECIAL EDITION програмата на Златната Прага со посета на Дрезден и Виена и божиќните маркети.
ПРОМО ЦЕНА 169 евра со задолжителна резервација на пакет факултативите 80 евра (редовна цена 85евра). Редовна цена 189евра по лице
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
05.12 (петок) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата околу 11:00 часот кај Хотел Континентал, поаѓање околу 11:30 часот, преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
06.12 (сабота) ПРАГА
Пристигнување во зависност од околностите по патот и веднаш следува разглед на Стариот град со водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник- Орлој, Црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, Дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито. Слободно време за одмор. Вкупно околу 3 – 4 часа. Потоа следува сместување во хотел и слободно време. Ноќевање.
07.12 (недела) ДРЕЗДЕН
По појадокот, следува прекрасно денско крстарење по реката Влтава, каде ќе уживате во романтичниот поглед на локалитетите во придружба на звуците на Беджих Сметана.
Потоа се упатуваме кон Дрезден, излет кој ќе ве воодушеви. Дрезден е културно седиште на југоисточна Германија, кој поради својата убавина уште го нарекуваат и Фиренца на Елба. Следува прошетка до центарот на градот: Звингер, комплекс павиљони од 18век (светски пример за барокна архитектура), Катедралата, обалата на реката Елба, Фрауенкирхе, Брулската тераса….. Слободно време и можност за шопинг во бројните продавници во централниот дел на градот. Враќање во Прага во договорено време.
Вечерта индивидуална можност за посета на Прага и божиќните маркети. Ноќевање.
08.12 (понеделник) Виена
По појадокот, следува одјавување од хотел. Групата се упатува кон Виена, главната престолнина на Австрија, моќен град кој плени со својата величина, историја, традиција и архитектура. Следува разглед на градот со водич: Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом) и секако божиќните маркети.
Во договорено време собир на групата и поаѓање кон Македонија. Следува ноќно возење и пристигнување во Скопје на 09.12 во вторник во пладневните часови.
Цена со рана уплата до Oct. 31, 2025
169 ЕУР / Лице
Целосна цена
189 ЕУР / Лице
4 dena
Dec. 5, 2025
Dec. 8, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070