ПРАГА ЗА 24ти МАЈ, ЧЕШКА

Актуелно патување

ПРАГА ЗА 24ти МАЈ
ПРАГА ЗА 24ти МАЈ ПРАГА ЗА 24ти МАЈ
ПРАГА ЗА 24ти МАЈ ПРАГА ЗА 24ти МАЈ

24ти МАЈ ВО ПРАГА

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Во цената на аранжманот е вклучено: 
-  Авионски превоз со Wizz Air на релација: Скопје - Прага – Скопје
* Рачна торба со димензии 20*30*40см до 8kg
-  Аеродромски такси
-  Трансфери во Прага: аеродром - хотел - аеродром
-  Сместување во хотел на база 3 ноќевања со појадок 
-  Организиран пешачки панорамски разглед на Прага
-  Организација и реализација, придружник на патувањето


Во цената на аранжманот не е вклучено:
-  Туристичка такса во хотел
-  Карти за јавен превоз (метро, автобус...)
-  Доплата за 1/1 соба 60€
-  Факултативни излети и посети: 
* Карлови Вари 65€ (уплата и резервација во агенција)
* Крстарење по В’лтава со вклучена вечера без пијалок 25-30€
-  Влезници за музеите и културно - историските споменици

План за патувањето

 

22.05.26 (петок)  СКОПЈЕ - ПРАГА  
Состанок на групата на аеродромот во 11:30 часот рано наутро. Полетување за Прага во 12:45 ч. Пристигнување во 15:00 часот. Трансфер и сместување во хотел. Вечерта можност за индивидуални прошетки по Вацлавски плоштад или факултативно крстарење по В’лтава со вклучена вечера. Ноќевање.

 

23.05.26 (сабота)  ПРАГА (панорамски разглед)
Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич (јавен превоз): Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица...Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

 

24.05.26(недела) КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари - најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори... прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите локални производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Вечерта слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

 

25.05.26 (понеделник) ПРАГА - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од собите. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа голем шопинг центарот OC DBK со голем број на продавници, бутици и ресторани. Лет за Скопје во 15:35ч. Пристигнување во Скопје во 17:35ч.

Цена со рана уплата до March 20, 2026

339 ЕУР / Лице

Целосна цена

389 ЕУР / Лице

4 dena

May 22, 2026

May 25, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070