РИМ ЗА 8ми МАРТ, ИТАЛИЈА

Актуелно патување

РИМ ЗА 8ми МАРТ
РИМ ЗА 8ми МАРТ РИМ ЗА 8ми МАРТ
РИМ ЗА 8ми МАРТ РИМ ЗА 8ми МАРТ

РИМ - ИТАЛИЈА

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Цената вклучува:

-Авионски превоз: Скопје – Рим – Скопје

-Аеродромски такси

-Кабинска тоба со димензии 40х30х20 до 10кг

-Трансфер аеродром – хотел – аеродром

-Сместување во хотел 3* 4 ноќевања на база со појадок

-Организиран панорамски разглед на Рим

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Цената не вклучува:

-Туристичка такса 1390 мкд (се плаќа во агенција)      

-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг 

*( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

-Карти за локален превоз (метро)

-Патничко – здравствено осигурување

-Доплата за еднокреветна соба 9.100 денари

Факултативни излети:

Посета на Ватикан со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 65 евра

Посета на Тиволи со локален водич и влезница– задолжително пријавување и уплата во агенција 65 евра

Разглед на РИМ – Антички Рим –  20 евра

Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница и метро карта. - 20 евра

План за патувањето

Прв ден 04.03.2025(Вторник)-Скопје-Рим

Состанок на групата на аеродромот во Скопје 14.30 часот. Лет за Рим во 16.50 часот. Слетување во Рим во 18.40 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Втор ден 05.03.2025 (Среда)-Рим

Појадок. Разглед на град , пешачки, во придружба на локален водич: Колосемот, Римските форуми, Царскиот форум, Константинова Арка, Циркус Максимус, плоштадот Венеција. Во попладневните часови прошетка до плоштадот Навона, Нептиновата фонтана и фонтаната на Четирите реки. Ноќевање.

 

Трет ден 06.03.2025 (Четврток)Рим-Ватикан

Појадок. Факултативно – организирана посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и посета на најголемата Црква Св. Петар….  Пауза за ручек. Слободно време или во придружба на водичот, прошетка, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. Вечерта слободно време, враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.  

Четврти ден 07.03.2025 (Петок)-Рим-Тиволи

Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од  УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Факултативна, организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим. Посета на боемскиот кварт Трастевере.

Петти ден 08.03.2025 (Сабота)- Римокатоличките базилики и гробот на Св.Кирил - Скопје

Факултативна прошетка низ Рим. Со метро и посета на катедралата Сан Џовани Латерано (поранешната претстолнина на Ватикан), базиликата Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи и една од најпозните скулптури на Микеланџело – Мојсије, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил, во долниот дел на црквата се наоѓаат едни од поважните археолошки ископини, каде ќе имате можност да видите оригинален пагански олтар од 1в.н..е. Враќање до хотел.Трансфер до аеродромот во Рим во 16:00ч. лет за Скопје во 19:10ч. Пристигнување во Скопје во 20:50 часот.

Цена со рана уплата до Dec. 25, 2024

449 ЕУР / Лице

Целосна цена

499 ЕУР / Лице

5 dena

March 4, 2025

March 8, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070