Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
• Aвионски билети Скопје-Љубљана-Скопје ;
• Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок во Љубљана;
• Разгледување на Љубљана со локален водич;
• Придружник на групата.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
• Посета на Постоjнска Јама( билет + водич + слушалки) - 50 евра (миниум 20 патници);
• Посета на Блед и Бохињ - 30 евра миниум (30 патници);
• Туристичка такса 5 евра на ноќ и се плаќа во агенција;
• Здравствено патничко осигурување
НАПОМЕНИ:
• Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го
задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
• Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во
случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
• Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на
одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не
работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
• Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
• Пасошот мора да има важност минимум 3 месеци од датумот на завршувањето на
аранжманот;
• Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Амор Травел
1 ден 28.05. 2026 (Четврток)Скопје-Љубљана-Скопје
Состанок на групата во 9:30 на Скопскиот Аеродром.Полетување од Скопје во 11:50 часот. Слетување во Љубљана во 13:20 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување во хотел. Го започнуваме денот со прекрасна пешачка прошетка низ историскиот центар на градот, заедно со локалниот водич. Го посетуваме Змејскиот мост, еден од најомилените симболи на Љубљана, со четири змејови кои го претставуваат градот. Ја посетуваме прекрасната катедрала Свети Никола, седиштето на епархијата и убавината на Тромостие - познатиот троен пешачки мост што се протега на реката Љубљаница. Додека се шетаме низ плоштадот Прешерен, шармантен плоштад инспириран од Франција, ќе застанеме да му се восхитуваме на споменикот на Франц Прешерн, најголемиот словенечки поет, и прекрасната црква. Ке ја посетиме и општина Љубљана и познатата фонтана на Трите реки, впечатлива бела фонтана во срцето на градот. Потоа, ќе имаме слободно време да уживаме во градот. Слободно време за слободни активности.Ноќевање.
2 ден 29.05.2026 (Петок) Љубљана-Блед и Бохињ
Појадок. Слободен ден за индивидуална прошетка или можете да одберете факултативна екскурзија до езерото Блед и езерото Бохињ. Пристугнување во Блед, кој често се нарекува „бисер на словенечките Алпи“, е неверојатено богатство опкружено со величествени планини. Имаме можност да ја посетите тврдината Блед, каде што можете да уживаме во панорамскиот поглед на езерото. Потоа, имаме слободно време за прошетка низ езерото, да се опуштиме со кафе и да се препуштиме на познатите Блед крем колачи. Потоа ќе продолжиме до езерото Бохињ, најголемото природно езеро во Словенија, сместено во прекрасниот национален парк Триглав. По слободно време за уживање во спокојното опкружување, се враќаме во Љубљана. Ноќевање.
3 ден 30.05.2026 (Сабота) Љубљана - Постоjнска Јама
По појадокот,заедно ќе тргнеме кон пештерата Постојна која го одзема здивот, на само 55 километри од Љубљана. Во близина на шармантниот град Постојна, ќе ја истражиме оваа прекрасна карстна пештера, природно чудо обликувано со милениуми покрај реката Пивка. Факултативен влез во Пештерата. Додека одиме низ пештерата, ќе бидеме сведоци на прекрасни формации - галерии, тунели, сталактити, па дури и подземни реки. Реката тече низ пештерата, а ќе го видиме каналот долг 80 метри што ја додава уникатната убавина на пештерата. За оние кои претпочитаат да не влегуваат во пештерата, можете индивудално да се одморите во околината.Враќање во Љубљана.Слободно време за слободни активности.Ноќевање.
4 ден 31.05.2026 (Недела) Љубљана-Скопје
Рано утрински трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 08:20 часот.
Пристигнување во 09:50 часот на скопскиот аеродром.
Цена со рана уплата до April 20, 2026
319 ЕУР / Лице
Целосна цена
369 ЕУР / Лице
4 dena
May 28, 2026
May 31, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070