ТУМАНЕ и БЕЛГРАД, СРБИЈА

Актуелно патување

ТУМАНЕ и БЕЛГРАД
ТУМАНЕ и БЕЛГРАД ТУМАНЕ и БЕЛГРАД
ТУМАНЕ и БЕЛГРАД ТУМАНЕ и БЕЛГРАД

БЕЛГРАД И ТУМАНЕ

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Цената вклучува:

-Превоз со високотуристички автобус

-Пратител за време на патувањето

-Едно ноќевање на Сребрено езеро

-Водство и организација

-Посета на манастир Тумане

-Посета на Белград

 

Цената не вклучува:

-Посета на Голубачка тврдина (1000RSD)

-Патничко осигурување

-Индивидуални трошоци

План за патувањето

Прв ден 01.05.26 Петок 

Собирање на групата и тргнување во вечерните часови за Србија.Царински формалности и попатни паузи.

 

Втор ден 02.05.26 Сабота - Тумане-Голубачка тврдина-Сребрено езеро

Пристигнување во утринските часови,посета на манастир Тумане. 

Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година. Слободно време за пристуство на света литургија и поклонение на моштите на Св. Зосим И Јаков. Присуство на заедничка молитва за здравје. Можност за посета на нивната испосница која се наоѓа на 2 км оддалечена од манастирот. Во договорено време се упатуваме кон Голубачка тврдина.

Можност за посета на Голубачка тврдина.( факултативно) Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац, Србија. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335, 1337 и 1342 година. Точно не е познато кога била изградена, но се смета дека била изграена во времето на Србското кралство. Кулите во времето на османлиите биле сместени нивните топови каде го заштитувале градот, а во почетокот на 15 век, тие изградиле уште една кула. Тврдината е разделена на предна, задна и горна. (околу 1 час).

 Се упатуваме кон Сребрено езеро  — вештачко езеро на десниот брег на Дунав и ја претставува неговата поранешна речна притока, која денес е затворена со двете брани. Се наоѓа во областа на Браничевскиот округ  во источна Србија , на два километри од Велико градиште. Има просечна ширина од 300 m и просечна должина од 14 km. Слободно време за слободни активности. Можност да ја вкусите храната од локалните ресторани како и посета на шеталиштето. Сместување во приватн вили. Ноќевање.

 

Трет ден 03.05.26 Недела Тумане-Белград-Скопје

Одјавување од апартманите. Се упатуваме кон Белград. Пристигнување во утринските часови.. Посета на храм Св. Сава, Калемегдан, Кнез Михајлова, Белград на води и трговски центар Галерија. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во доцните часови. 

Цена со рана уплата до April 15, 2026

85 ЕУР / Лице

Целосна цена

105 ЕУР / Лице

3 dena

May 1, 2026

May 3, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070