Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Цената вклучува:
-Превоз со високотуристички автобус
-Пратител за време на патувањето
-Едно ноќевање на Среврено езеро
-Водство и организација
-Посета на Тумане
Цената не вклучува:
-Посета на Голубачка тврдина (влезница за во тврдината)
-Патничко осигурување
-Индивидуални трошоци
Прв ден 13.03 Петок
Собирање на групата и тргнување во 23 00часот за Србија.Царински формалности и попатни
паузи
Втор ден 14.03.26Четврток - Тумане-Голубачка тврдина-Сребрено езеро
Пристигнување во утринските часови,посета на манастир Тумане.
Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година. Слободно време за пристуство на света литургија и поклонение на моштите на Св. Зосим И Јаков. Присуство на заедничка молитва за здравје. Можност за посета на нивната испосница која се наоѓа на 2 км оддалечена од манастирот. Во договорено време се упатуваме кон Голубачка тврдина.
Можност за посета на Голубачка тврдина.( факултативно) Голубачката тврдина е тврдина која се наоѓа во градот Голубац, Србија. Тврдината се состои од десет кули и две големи капии. Тврдината за првпат се споменува од унгарските извори кои датираат од 1335, 1337 и 1342 година. Точно не е познато кога била изградена, но се смета дека била изграена во времето на Србското кралство. Кулите во времето на османлиите биле сместени нивните топови каде го заштитувале градот, а во почетокот на 15 век, тие изградиле уште една кула. Тврдината е разделена на предна, задна и горна. (околу 1 час).
Се упатуваме кон Сребрено езеро - Сребрено езеро — вештачко езеро на десниот брег на Дунав и ја претставува неговата поранешна речна притока, која денес е затворена со двете брани. Се наоѓа во областа на Браничевскиот округ во источна Србија , на два километри од Велико градиште. Има просечна ширина од 300 m и просечна должина од 14 km. Слободно време за слободни активности. Можност да ја вкусите храната од локалните ресторани како и посета на шеталиштето. Сместување во приватн вили. Ноќевање.
Трет ден 15.02.26 Петок - Темишвар Романија
Се одјавуваме од вилите и се упатуваме кон Темишвар петтиот најголем град во Романија.Тој е најголемиот град во Банат,сместен на реката Бегај и седиште на округот Тимиш.Со население од 250.849 жители и е познат и како културен, образовен и трговски центар на западна Романија.Темишварската епархија е епархија на Српската православна црква со седиште во Темишвар,каде што се наоѓа катедралната црква на епархијата.Темишварската епархија е главната верска институција за Србите во Романија. Црквата се наоѓа во самото „срце“ на Темишвар.Со околните епархиски згради,образува цел градски блок долж западната страна на Плоштадот на обединувањето,најстариот плоштад во градот.
Слободно време за прошетка,ручек и во договорено време тргнување кон Македонија,пристигнување во доцните часови
Цена со рана уплата до Feb. 20, 2026
85 ЕУР / Лице
Целосна цена
120 ЕУР / Лице
3 dena
March 13, 2026
March 15, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070