Венеција/Милано/Верона/Трст за 8ми Март 2026, ИТАЛИЈА

Актуелно патување

Венеција/Милано/Верона/Трст за 8ми Март 2026
Венеција/Милано/Верона/Трст за 8ми Март 2026 Венеција/Милано/Верона/Трст за 8ми Март 2026
Венеција/Милано/Верона/Трст за 8ми Март 2026 Венеција/Милано/Верона/Трст за 8ми Март 2026

ВЕНЕЦИЈА ВО МАРТ

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење.


ПРОМО ЦЕНА: 159 евра со задолжителен пакет факултативи до 30.01.2026
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 179 евра.
*Аранжманот е од туристички карактер со цел да се посетат сите предвидени места во програмата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување во хотел 3* во Лидо ди Јесоло или областа Венето, на база две ноќевања со појадок.
  • Автобуски превоз на наведените релации
  • Разгледите според програмата
  • Посета на Трст и Designer Outlet Noventa di Piave
  • Услуги од туристички професионален водич – пратител
  • Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река), Велес

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 2.5 евра по лице од ден
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАКСА за влез во Венеција 5€ се плаќа на лице место (доколку се плаќа)
  • Трошоци за патничко осигурување за целиот престој – 350 денари
  • Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
  • Индивидуални трошоци

ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:

  • Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 35 евра 
  • Факултативна посета на Верона и Милано со водич (55€)
  • ПАКЕТ со сите излети во вредност од 90 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 85 евра (плаќање во автобус)
  •  

План за патувањето

Прв ден – 05.03 (четврток)

Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

Втор ден – 06.03 (петок)

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Designer Outlet Noventa di Piave (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

Трет ден – 07.03 (сабота)
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.

Четврт ден – 08.03 (недела)

Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје.

Петти ден 09.03 (понеделник)

Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.

Цена со рана уплата до Jan. 30, 2026

159 ЕУР / Лице

Целосна цена

179 ЕУР / Лице

5 dena

March 5, 2026

March 9, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070