Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
ЦЕНИ НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ ПО ЛИЦЕ:
Прв ден – 06.03 (четврток)
Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.
Втор ден – 07.03 (петок)
Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Designer Outlet Noventa di Piave (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.
Трет ден – 08.03 (сабота)
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.
Четврт ден – 09.03 (недела)
Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје.
Петти ден 10.03 (понеделник)
Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
Цена со рана уплата до Jan. 15, 2025
145 ЕУР / Лице
Целосна цена
169 ЕУР / Лице
5 dena
March 6, 2025
March 10, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070