Villa Argiro-Agios Nikitas,Лефкада, Грција

Актуелно патување

Villa Argiro-Agios Nikitas,Лефкада
Villa Argiro-Agios Nikitas,Лефкада Villa Argiro-Agios Nikitas,Лефкада
Villa Argiro-Agios Nikitas,Лефкада Villa Argiro-Agios Nikitas,Лефкада

Лето во Грција

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Villa Argiro е објект кој се наоѓа во непосредна близина на другата вила од нашата понуда, за сместување во Агиос Никитас. Во својот состав таа расолага со неколку убаво опремени двокреветни студиа, сите со сопствен тоалет, балкон, ТВ и клима уред, како и мини кујна за припрема на топли напитоци и за чување на продукти. Готвењето во студиата не е дозволено, па за таа потреба на гостите им е на располагање летна кујна во дворот на објектот, во која има инсталации на уреди за секое студио пооделно. Опремена со потребните апарати за готвење и печење, како и со ѕидана скара и фурна, вилата Аргиро, ги обезбедува сите потребни услови за одлично организиран престој во текот на летниот одмор. Оддалеченост од плажа 300 метри.

 

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 

Употребата на клима уред во ARGIRO и KOSTAS е гратис со политика на “разумно користење“ (каде што е достапен), 

* Собите во ARGIRO располагаат со "чајна" кујна, за готвење гостите користат заедничка кујна, и истата е бесплатна, 

Доплата за туристичка такса 2 € по студио/апартман на ден (се плаќа во објектот)

Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата) 

** Во соба или студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),

    преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата на осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)  

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 

1 ден:         Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент 

                     или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.

2 - 7/9 ден:  Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални екскурзии, туристички атракции  и 

                     културно-историски локалитети. Ноќевање.

8/10 ден:     Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време 

                     се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.

 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ     

Цена на повратен автобуски превоз:  80 EUR (60 EUR за дете 02 до 12 год.) 
Цена на автобуски превоз во еден правец: 60 EUR (возрасен / дете)

 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:

- Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ "Борис Трајковски")

- Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)

- Неготино, во  01:30 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")

- Смоквица, во  02:00 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")

- Гевгелија, во  02:30 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)

 

Поаѓање од Грција: 

- Истиот ден попладне.

 

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 

- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 

- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

Услови на плаќање 
Во случај на резервации со превоз или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начи

- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,

- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,

- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;

 Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

 

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите 

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за 

пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот). 

* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.

 Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !

Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:

- за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%

- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%

- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%

- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%

- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.

За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, 

доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

 

ОПИС НА СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

Приземје:

• Студио бр. 1 тип  1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm)

Собата има  еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm, клима,  плакар и огледало. Кујна нема, но има мини фрижидер со комара за замрзнување мијалник со чешма. Тоалетот е со туш кадичка за стоење. Прозорот има дрвена ролетна и завеса. Балконот е со средна големина со маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).

 

• Соба бр. 2 тип  1/2+1 (еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm)

Собата има  еден брачен кревет со широчина 130 cm и еден единечен кревет со широчина 80 cm, клима, , плакар и огледало. Кујна нема, но има мини фрижидер со комара за замрзнување и мијалник со чешма. Тоалетот е со туш кадичка за стоење. Прозорот има дрвена ролетна и завеса. Балконот е со средна големина со маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).

 

• Соба бр. 3     1/2 (еден брачен кревет со широчина 130 cm)

Собата има еден брачен кревет со широчина 130 cm, клима, , плакар и огледало. Во собата нема кујна, но има мини фрижидер со комара за замрзнување и мијалник со чешма. Тоалетот е со туш кадичка за стоење. Од соба се излегува дирекно на балконот со средна големина, кој има дрвени ролетни и завеси, маса и столици (соодветен број на сместувачкиот капацитет во студиото).
 

ЗАБЕЛЕШКА: Во дворот на Villa Argiro има заедничка кујна со прибор, решо со плин, мијалник и скара која служи за заедничко користење. Има Wi Fi Internet. Нема тоалет или да остава соба за време на смена. Во собите има чајна кујничка.

План за патувањето

                                                            ЦЕНИ СО ПРЕВОЗ

 

Датум

Студио 1/2 (2лица)

Студио 1/2+1(3лица)

23.05 - 30.05.2026

146е

153е

30.05 - 06.06.2026

172е

182е

06.06 - 13.06.2026

194е

206е

13.06 - 20.06.2026

220е

235е

20.06 - 27.06.2026

236е

251е

27.06 - 04.07.2026

253е

271е

04.07 - 11.07.2026

273е

292е

11.07 - 18.07.2026

283е

303е

18.07 - 25.07.2026

305е

327е

25.07 - 01.08.2026

330е

354е

01.08 - 08.08.2026

330е

354е

08.08 - 15.08.2026

330е

354е

15.08 - 22.08.2026

317е

340е

22.08 - 29.08.2026

294е

315е

29.08 - 05.09.2026

273е

292е

05.09 - 12.09.2026

253е

271е

12.09 - 19.09.2026

221е

236е

19.09 - 26.09.2026

184е

195е

                                                   

                                                             ЦЕНИ БЕЗ ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ 

               Датум

        Студио 1/2 (2лица)

      Студио 1/2+1(3лица)

     23.05 - 30.05.2026

171е

186е

     30.05 - 06.06.2026

223е

243е

     06.06 - 13.06.2026

267е

291е

     13.06 - 20.06.2026

320е

349е

     20.06 - 27.06.2026

351е

382е

     27.06 - 04.07.2026

386е

421е

     04.07 - 11.07.2026

425е

463е

     11.07 - 18.07.2026

446е

486е

     18.07 - 25.07.2026

490е

534е

     25.07 - 01.08.2026

539е

588е

     01.08 - 08.08.2026

539е

588е

     08.08 - 15.08.2026

539е

588е

     15.08 - 22.08.2026

513е

560е

      22.08 - 29.08.2026

467е

509е

      29.08 - 05.09.2026

425е

463е

      05.09 - 12.09.2026

389е

421е

      12.09 - 19.09.2026

322е

351е

      19.09 - 26.09.2026

248е

270е

 

Цена со рана уплата до Feb. 11, 2026

146 ЕУР / Лице

Целосна цена

195 ЕУР / Лице

8 dena

May 23, 2026

Sept. 19, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070