Villa Kostas & Sophies-Нидри, Грција, Грција

Актуелно патување

Villa Kostas & Sophies-Нидри, Грција
Villa Kostas & Sophies-Нидри, Грција Villa Kostas & Sophies-Нидри, Грција
Villa Kostas & Sophies-Нидри, Грција Villa Kostas & Sophies-Нидри, Грција

Лето во Грција

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Апартманите Sophies & Kostas имаат идеална локација, на пешачко растојание од плажата и од центарот. Студија и апартмани на Sophies & Kostas се во типичен грчки стил. Покрај базенот можете да уживате во грчкото сонце на лежалка. За мала ужинка или освежителен пијалак можете да се упатите кон пријатниот pool-/snack бар. Навечер лесно можете да прошетате до живата главна улица на Нидри со бројни ресторани и продавници. Студијата се опремени со: клима-уред,  телевизор, мини кујна, шпорет со 2 рингли,  тостер, апарат за кафе и чај, фрижидер, бања со туш, тоалет и фен, Wi-Fi, балкон или тераса (со место за седење). Нема лифт.

 

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ 

Употребата на клима уред во KOSTAS & SOPHIES е се доплаќа во објектот (8€/ на ден, каде што е достапен).

Доплата за туристичка такса 2 € по студио/апартман на ден (се плаќа во објектот)

Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата) 

** Во соба или студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),

    преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.

Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата на осигурување за 8 дена од 250 ден по лице)  

 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 

1 ден:         Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент 

                     или советник за патување. Влез во објектот по 14:00 часот или во време во договор со домаќинот. Ноќевање.

2 - 7/9 ден:  Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални екскурзии, туристички атракции  и 

                     културно-историски локалитети. Ноќевање.

8/10 ден:     Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време 

                     се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.

 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ          

Цена на повратен автобуски превоз:  80 EUR (60 EUR за дете 02 до 12 год.) 
Цена на автобуски превоз во еден правец: 60 EUR (возрасен / дете)

 

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:

- Скопје, во  00:30 ч.  (паркинг, СРЦ "Борис Трајковски")

- Велес, во  01:00 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)

- Неготино, во  01:30 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")

- Смоквица, во  02:00 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")

- Гевгелија, во  02:30 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)

 

Поаѓање од Грција: 

- Истиот ден попладне.

- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 

- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 

- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и

  одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши 

  по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);

* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.

 Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.

* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од 

  вашиот оператор

* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. 

  Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.

* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и 

  локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;

* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите 

 и го изнесуваат сметот од собите

* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.

* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална

   опременост на објекти за сместување.

* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите. 

   Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. 

Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени 

во резервациите и во договорот за услуги.

 

Цени и услови на плаќање

* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2026 година, или до објава на нов ценовник.

* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот

 за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.

 

Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:

 За резервации по Општа понуда 

- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,

- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,

- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;

 Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

 

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите 

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот). 

* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.

 Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !

Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:

- за отказ  до 30 дена пред патувањето 30%

- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%

- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%

- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%

- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.

За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, 

доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

План за патувањето

                                                         ЦЕНИ СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ

 

Датум

Студио 1/2 (2лица)

Студио 1/2+1(3лица)

23.05 - 30.05.2026

146е

153е

30.05 - 06.06.2026

172е

182е

06.06 - 13.06.2026

194е

206е

13.06 - 20.06.2026

220е

235е

20.06 - 27.06.2026

236е

251е

27.06 - 04.07.2026

253е

271е

04.07 - 11.07.2026

273е

292е

11.07 - 18.07.2026

283е

303е

18.07 - 25.07.2026

305е

327е

25.07 - 01.08.2026

330е

354е

01.08 - 08.08.2026

330е

354е

08.08 - 15.08.2026

330е

354е

15.08 - 22.08.2026

317е

340е

22.08 - 29.08.2026

294е

315е

29.08 - 05.09.2026

273е

292е

05.09 - 12.09.2026

253е

271е

12.09 - 19.09.2026

221е

236е

19.09 - 26.09.2026

184е

195е

 

                                                     ЦЕНИ БЕЗ ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ

Датум

Студио 1/2 (2лица)

Студио 1/2+1(3лица)

23.05 - 30.05.2026

171е

186е

30.05 - 06.06.2026

223е

243е

06.06 - 13.06.2026

267е

291е

13.06 - 20.06.2026

320е

349е

20.06 - 27.06.2026

351е

382е

27.06 - 04.07.2026

386е

421е

04.07 - 11.07.2026

425е

463е

11.07 - 18.07.2026

446е

486е

18.07 - 25.07.2026

490е

534е

25.07 - 01.08.2026

539е

588е

01.08 - 08.08.2026

539е

588е

08.08 - 15.08.2026

539е

588е

15.08 - 22.08.2026

513е

560е

22.08 - 29.08.2026

467е

509е

29.08 - 05.09.2026

425е

463е

05.09 - 12.09.2026

389е

421е

12.09 - 19.09.2026

322е

351е

19.09 - 26.09.2026

248е

270е

Цена со рана уплата до Feb. 11, 2026

146 ЕУР / Лице

Целосна цена

195 ЕУР / Лице

8 dena

May 23, 2026

Sept. 19, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070