ЗАГРЕБ И ЉУБЉАНА ЗА НОВА ГОДИНА, ХРВАТСКА

Актуелно патување

ЗАГРЕБ И ЉУБЉАНА ЗА НОВА ГОДИНА
ЗАГРЕБ И ЉУБЉАНА ЗА НОВА ГОДИНА ЗАГРЕБ И ЉУБЉАНА ЗА НОВА ГОДИНА
ЗАГРЕБ И ЉУБЉАНА ЗА НОВА ГОДИНА ЗАГРЕБ И ЉУБЉАНА ЗА НОВА ГОДИНА

ЗАГРЕБ И ЉУБЉАНА 29.12-02.01.2026

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

 

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Три ноќевања во хостел во Загреб
– Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
– Организација и придружник на патувањето

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

 

– Влезница за Плитивичките Езера - 40e
– Влезница во Постоинска Јама- 60е (резервација во агенција)
– Блед и Бохињ- 30е
Пакет факултативи 120е


– Можност за пловидба со чамец по Бледското Езеро
– Влезница во црквата „Света Марија“ на Блед
– Патничко осигурување 350денари за сите денови

- Туристичка такса 400 денари по лице за сите денови

План за патувањето

Прв ден: 29.12.2025 (Понеделник) Македонија-Загреб
Во вечерните часови заминување на групата од Македонија и тргнување за Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи и царински формалности.

 

Втор ден:30.12.2025 (Вторник) – Загреб
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разгледување на градот со локален туристички водич. Улица Боговиќева најпозната во Загреб , плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, катедралата која што е монументална градба итн. Потоа сместување на групата во хостел. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

 

Трети ден: 31.12.2025година (Среда) – Загреб -Плитвички Езерa
Одјавување од хостелот и заминување на групата кон Плитвичките Езера, најголемиот национален парк во Хрватска прогласен во 1949 година, а од 1979 година е вклучен во списокот на УНЕСКО на светско наследство. Има околу 16 прекрасни Плитвички Езера чија должина е 8 километри, а висината на најголемиот водопад е 20 метри. Организиран разглед со локален туристички водич Враќање во Загреб, дочек на Нова Година на плоштад. Ноќевање.

 

 Четврти ден:01.01.2026 (Четврток)- Љубљана- Постоинска јама
Заминување на групата кон Постоинска Јама, најголемата геолошка атракција во Словенија и најголемата пештера во Европа. Според натписите во пештерата, првите туристи ја посетиле уште во 13. век. Постоинска Јама претставува сплет од 20 километри подземни тунели, галерии и сали, а за туристите се отворени 5300 метри површина. Пештерата е богата со подземен биолошки свет, а најпозната е човечката рипка која го добила името по бојата која потсетува на човечката кожа.Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки. Ноќевање.

 

Петти ден: 02.01.2026 (Петок)- Љубљана-Блед-Бохињ-Македонија
Заминување на групата на целодневен разглед на Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствен природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова кое со својата атракција привлекува многу туристи. Потоа заминување кон сликовитите Алпски предели на Бохињското Езеро. Слободно време за прошетка покрај езерото, камениот мост и Црквата на Свети Јован Крстител. Во попладневните часови се упатуваме во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнувањево Македонија во раните утрински часови.

Цена со рана уплата до Nov. 15, 2025

249 ЕУР / Лице

Целосна цена

299 ЕУР / Лице

5 dena

Dec. 29, 2025

Jan. 2, 2026

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070