Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Зимска авантура во Пониква
„Зимски камп Амор“ е зимски камп наменет за деца од 7 до 15 години, осмислен за исполнет и квалитетен зимски одмор со многу дружење, спортски, креативни и едукативни активности.
Програмата е креирана така што децата да поминат незаборавни денови во безбедна и позитивна средина, да стекнат нови пријателства, да развијат самодоверба и самостојност и истовремено да уживаат во зимската атмосфера на Пониква.
Локација – Пониква
Кампот се реализира во Пониква, еден од најпознатите планински делови на Осоговски планини во Македонија, кој со својата природа и зимски амбиент претставува одлична локација за ваков тип на камп.
Учесниците ќе бидат сместени во Детско одмаралиште Пониква, во 3- и 4-креветни соби со сопствен тоалет.
За време на целиот престој е обезбеден полн пансион, односно појадок, ручек и вечера. Посебно внимание се посветува на хигиената, исхраната и безбедноста на децата.
Програма и активности
„Зимски камп Амор“ претставува комбинација од спорт, рекреација, забава, креативност и едукативни содржини. Во текот на кампот се предвидени: зимски активности и игри на снег, пешачење и престој во природа, истражување и мапирање на пешачки патеки, креативни работилници, тимски игри и натпревари, караоке, маскенбал, кино вечер, пижама парти, талент шоу, тематски забави, различни забавни и интерактивни активности
Вечерната програма е посветена на дружење, забава и активности преку кои децата имаат можност слободно да се изразат, да стекнат самодоверба и да создадат нови пријателства.
Датум на кампот:
08.01-12.01
12.01-16.01
Локација на кампот:
Пониква, Македонија
Сместување:
Детско одмаралиште Пониква
Цена:
08.01-12.01 149€
12.01-16.01 149€
Последен рок за аплицирање:
15.12.2026
Цената вклучува:
Активности на кампот:
Програмата е наменета за сите учесници да се пронајдат себеси и дава одлична можност за забава, релаксација и уживање.
Развој преку забава
1. Тимски игри
Тимските игри и натпревари ја поттикнуваат соработката, лидерството и почитувањето на другите.
2. Креативните работилници
Креативните работилници ја развиваат имагинацијата, креативното размислување и способноста за решавање проблеми.
3. Караокето, маскенбалот и талент шоу
Караокето, маскенбалот и талент шоуто ги охрабруваат децата да се изразат пред другите и да стекнат поголема самодоверба.
4. Тематските забави
Преку тематските забави и заедничките активности се создава позитивна атмосфера и чувство на припадност во групата.
Прв ден
10:00
Поаѓање од Скопје
13:30
Пристигнување во хотел и состанок со групите
Втор- четврти ден
09:00
Појадок
10:30
Зимски игри или прошетка низ Пониква и ски патеките.
14:00
Ручек
15:00
Време за одмор
17:00
Попладневни активности и забавни игри
19:30
Вечера
20:30
Маскембал, караоке, талент шоу, кино и многу други забавни игри
22:30
Спиење
Петти ден
09:00
Појадок и тргнување за Скопје
Преку учеството на кампот, децата имаат можност да стекнат:
- Поголема самостојност и одговорност
- Нови социјални и комуникациски вештини
- Нови пријателства
- Поголема самодоверба
- Позитивни искуства и нови знаења
- Активен престој во природа и на планински воздух
- Незаборавни спомени од зимскиот распуст
„Зимски камп Амор “ е можност зимскиот распуст да биде исполнет со дружење, движење, учење и забава, во средина каде секое дете може да стекне нови искуства и да создаде спомени кои ќе ги памети долго време.
Цена со рана уплата до Dec. 15, 2026
149 ЕУР / Лице
Целосна цена
169 ЕУР / Лице
5 dena
Jan. 8, 2027
Jan. 16, 2027
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070